Склучен Меморандум за соработка со Агенцијата за регулирање на финансискиот пазар во Република Албанија (AFSA) |
На 19 април 2009 година, беше организирана церемонијална средба во просториите на Агенцијата за регулирање на финансискиот пазар во Република Албанија (AFSA), со цел потпишување на меморандум за соработка меѓу AFSA и Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија (ISA). Меморандумот за соработка е во функција на зајакнување и продлабочување на соработката меѓу двете регулаторни тела со цел да се обезбеди поголема заштита на интересите на осигурениците и корисниците на осигурувањето, зајакнување на интегритетот, стабилноста и ефикасноста на осигурителната индустрија, и обезбедување соработка која ќе придонесе зголемување на меѓусебното разбирање и размена на информации. Г-ѓа Елисабета Гјони, претседател на AFSA, во нејзината презентација, го истакна значењето на меморандумот за соработка во врска со супервизорските активности како алатка во олеснувањето и ефективноста на активностите. Исто така, и г. Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на АСО, истакна дека потписувањето на Меморандумот е од исклучителна важност за двете институции особено поради фактот што во Македонија има друштва за осигурување кои се основани со албански капитал.
|
Анкета
Последни извештаи
- + 100 |