Потпишан меморандум за соработка со Регулаторното тело за финансиски пазар на Австрија |
На ден 22 септември, 2010 година, во Виена, во седиштето на Регулаторното тело за финансиски пазар на Австрија, Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија ја продлабочи соработката со Австрискиот регулатор, со потпишување на Меморандум за соработка.
Од исклучителна важност претставува потпишувањето на Меморандумот, пред се заради присуството на австриските реномирани компании на Македонскиот осигурителен пазар од кои две се активни во доменот на неживотното осигурување и една компанија е активна во доменот на осигурувањето на живот. |
Анкета
Последни извештаи
- + 100 |