ПРВА ОБУКА НА АКРЕДИТИРАНИ ЗАСТАПНИЦИ ЗА ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ЗЕМЈОТРЕС ПОДДРЖАНИ ОД ЕВРОПА РЕ |
Главната цел на оваа обука беше претставување на новите станбени и комерцијални осигурителни производи за заштита од земјотрес како и презентација на специјално дизајнираните интернет платформи за нивно користење и управување. Експертите од Европа Ре детално ја претставија програмата во однос на следниве главни : 1) Презентација на програмата на Европа Ре, 2) Презентација на "Swiss Visual Pro" производите – Станбено и комерцијално осигурување од земјотрес, 3) Вовед во функционалноста на порталот за јавно информирање и подигнување на свеста за природни непогоди – CATMonitor, 4) Презентација на едноставниот кориснички интерфејс за прием во осигурувањето. Обуката беше одлично прифатена од присутните, а значителен дел од времето беше искористен и за тестирање на интернет платформите од страна на застапниците. На крај на настанот беа доделени и сертификати од Европа Ре за акредитација на застапниците во осигурување за продажба на новите производи за осигурување од земјотрес. |
Анкета
Последни извештаи
- + 100 |