Конференција на ЕВРОПА РЕ, “Развој на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа: Од концепт до реалност” |
![]() Конференцијата беше заеднички организирана од Светската банка, UNISDR (Секретаријат во рамките на ООН за меѓународна стратегија за намалување на катастрофите), Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија и Агенцијата за супервизија на осигурување на Р. Македонија. На конференцијата учествуваа преку сто претставници од различни институции кои се од важност за осигурителната индустрија. Меѓу присутните беа високи државни претставници и регулатори за осигурителниот пазар од Македонија, Србија и Албанија, претставници на друштвата за осигурување, како и технолошки компании за мапирање на ризици. Исто така, на конференцијата присуствува претставници од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Молдавија. Во текот на трите дена на конференцијата, учесниците на конференцијата го објаснија чекор по чекор процесот на градење на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа. Прво, производите треба да бидат достапни и по цена и по соодветни типови на ризици. Второ, производите треба да бидат стандардни кај сите земји-членки и со ист квалитет. Трето, купување и продавањето на осигурителните производи, како и наплатата на штетите побарувања, мораат да бидат едноставни како за друштвата за осигурување, така и за клиентите. За повеќе информации и за презентациите од конференцијата кликнете тука |
Анкета
Последни извештаи
- + 100 |