Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2017 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија. Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари. Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови: - апстракт; - осврт на консултираната литература од областа која се истражува; - опис на методите на истражување кои се користат во трудот; - анализа; - заклучни согледувања и - библиографија.
|
Анкета
Последни извештаи
- + 100 |