Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер). Обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 21-23.3.2019 и 30.3.2019 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на Бул. “Климент Охридски” бр. 68 во Скопје. По завршување на обуката, Агенцијата ќе спроведе стручен испит за брокер.
|
Анкета
Последни извештаи
- + 100 |