На иницијатива на Агенцијата за супервизија на осигурување, на ден 22 ноември, 2010 година во седиштето на Агенцијата, се оддржа работна средба на тема “Примената на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди во Република Македонија”.
Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата г. Климе Попоски ја отвори средбата и им посака добредојде на учесниците. Странскиот експерт од областа на осигурувањето г. Jean-Pierre Daniel кој е во подолг ангажман во Агенцијата, изврши Презентација за искуствата на Европскиот пазар. По неговото излагање следеше плодна дискусија и сето тоа допринесе за носење на заклучоци во насока на креирање на стратегија за понатамошна успешна имплементација на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди во Република Македонија. |
Анкета
Последни извештаи
- + 100 |