Склучен Меморандум за соработка со Управа за спречување перење пари и финансирање на тероризам |
На 7 април 2010, Агенцијата за супервизија на осигурување потпиша Меморандум за соработка со Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Овој документ е во функција на зајакнување на системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во Република Македонија. Меморандумот за соработка претставува формализирање на соработката со Управата и истиот е потпишан од Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување г.Климе Попоски и Директорот на Управата за сперчување перење пари и финансирање на тероризам г.Ване Цветанов. Се очекува преку размена на информации и податоци поефикасно да се откриваат сомнителните трансакции во областа на осигурувањето и да се зголеми ефикасноста на супервизорската, односно инспекциската функција на финансиските пазари во Република Македонија. Исто така, двете институции ќе ја продолжат соработката на полето на остручување и континуирана обука на вработените и размена на искуство во областите кои се од заеднички интерес. |
Анкета
Последни извештаи
- + 100 |