Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
На 7 април 2010, Агенцијата за супервизија на осигурување потпиша Меморандум за соработка со Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Овој документ е во функција на зајакнување на системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во Република Македонија. Меморандумот за соработка претставува формализирање на соработката со Управата и истиот е потпишан од  Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување г.Климе Попоски и Директорот на Управата за сперчување перење пари и финансирање на тероризам г.Ване Цветанов.  
070420101701

Се очекува преку размена на информации и податоци поефикасно да се откриваат сомнителните трансакции во областа на осигурувањето и да се зголеми ефикасноста на супервизорската, односно инспекциската функција на финансиските пазари во Република Македонија. Исто така, двете институции ќе ја продолжат соработката на полето на остручување и континуирана обука на вработените и размена на искуство во областите кои се од заеднички интерес.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување