Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Агенцијата за супервизија на осигурување издаде нова дозвола за вршење работи на осигурување на живот-основано ново друштво за осигурување

 

Врз основа на одредбите од Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Македонија бр. 27/2002, 84/2002, 98/2002, 33/2004, 88/2005, 79/2007, 08/2008, 88/2008, 56/2009 и 67/2010), Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување донесе Решение со кое се издава дозвола за вршење на работи на осигурување на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР Лајф-Виена Иншуренс Груп Скопје.

 

Како основач на новото друштво за осигурување на живот се јавува реномираната OСИГУРИТЕЛНА ГРУПАЦИЈА ВИЕНА (VIENNA INSURANCE GROUP Wiener Städtische Versicherung AG), Schottenring 30, A- 1010 Wien, од Република Австрија.

 

Новото Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР Лајф-Виена Иншуренс Груп е лоцирано на адреса бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.28/1 Скопје.

 

Со издавање на новата дозвола, бројот на друштвата за осигурување кои вршат работи на осигурување во рамки на групата на живот се зголеми за уште едно друштво и на осигурителниот пазар во Република Македонија во моментот  дејствуваат вкупно три друштва за осигурување на живот.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување