Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Агенција за супервизија на осигурување
Република Македонија
К О Н К У Р С
за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со
ризици и осигурување во Република Македонија за 2011 година
  
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2011 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување, кое ги содржи следните основни делови:
- апстракт;
- осврт на консултираната литература од областа која се истражува;
- опис на методите на истражување кои се користат во трудот;
- анализа;
- заклучни согледувања и
- библиографија.
Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Македонија до триесет и петгодишна возраст. Вработените и членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување немаат право на учество на конкурсот.
Трудовите се поднесуваат на македонски јазик.
Еден автор има право да поднесе само еден труд.
На конкурсот авторите имаат право да конкурираат и со веќе објавени трудови во текот на 2011 година.     При поднесувањето на трудот, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.
Конкурсот ќе се смета за успешен доколку се пријават најмалку 3 (три) истражувачки труда кои ги исполнуваат наведените услови.
Трудовите се поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување со назнака: „За годишна награда на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2011 година“ по електронски пат, на адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.
Изборот на најдобар труд го врши Комисија која се состои од пет члена, од кои тројца се надворешни членови. Претседателот и членовите на Комисијата ги назначува Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување со одлука која ќе се објави на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Краен рок за доставување на трудовите е 31.08.2011 година.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување ќе се додели на 01.11.2011 година, по повод денот на основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување.
 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување