Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Конференција на ЕВРОПА РЕ, “Развој на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа: Од концепт до реалност”
europareПрвата регионалната конференција на ЕВРОПА РЕ, "Развој на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа: Од концепт до реалност", се одржa во х.Гранит, Охрид, од 12 до 15 октомври 2011 година.

Конференцијата беше заеднички организирана од Светската банка, UNISDR (Секретаријат во рамките на ООН за меѓународна стратегија за намалување на катастрофите), Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија и Агенцијата за супервизија на осигурување на Р. Македонија.

На конференцијата учествуваа преку сто претставници од различни институции кои се од важност за осигурителната индустрија. Меѓу присутните беа високи државни претставници и регулатори за осигурителниот пазар од Македонија, Србија и Албанија, претставници на друштвата за осигурување, како и технолошки компании за мапирање на ризици. Исто така, на конференцијата присуствува претставници од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Молдавија.

Во текот на трите дена на конференцијата, учесниците на конференцијата го објаснија чекор по чекор процесот на градење на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа. Прво, производите треба да бидат достапни и по цена и по соодветни типови на ризици. Второ, производите треба да бидат стандардни кај сите земји-членки и со ист квалитет. Трето, купување и продавањето на осигурителните производи, како и наплатата на штетите побарувања, мораат да бидат едноставни како за друштвата за осигурување, така и за клиентите.

За повеќе информации и за презентациите од конференцијата кликнете тука

http://www.europa-re.eberlesystems.ch/index.php?page=Full_Description_of_October_2011_Europa_RE_Conference_

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување