Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Одбележување на две годишнина на Агенцијата за супервизија на осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурувањето ја одбележа двегодишнината од своето постоење со пригодна свеченост која се одржа во хотелот Стоун Бриџ, Скопје. На овој свечен настан беа поканети високи државни претставници, претставници од осигурителната индустрија и претставници од различни институции и тела со кои Агенцијата има професионална соработка.

rodenden 2Во своето обраќање претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, д-р Климе Попоски, ги истакна достигнувањата на Агенцијата како независно регулаторно тело со основна мисија да се грижи за законско ефикасно осигурување на пазарот на осигурување со цел заштита на правата на осигурениците и корисниците на осигурителните услуги.

Исто така, г. Попоски ги истакна основните обележја на пазарот на осигурување во Р. Македонија, односно дека станува збор за мал пазар кој се наоѓа во фаза на динамичен развој, со прифатлива концентрација на субјектите, во доминанта сопственост на странски инвеститори, од кој поголемиот број брендови од Европска Унија.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој присуствуваше на свеченоста, Агенцијата успеала за две години да се етаблира како професионално, независно и компетентно регулаторно тело што успешно ја остварува целта на зајакнување на стабилноста, ефикасноста и конкурентноста на пазарот на осигурување.

- Нема подобра потврда дека нашата Агенција за супервизија е на добар пат од последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во кој посебно се истакнува напредокот на пазарот на осигурување, истакна Ставрески.

Исто така, во своето обраќање, г. Ставрески најави дека Владата ќе продолжи со поддршката на Агенцијата и на развојот на пазарот за осигурување и во таа насока го спомена донесувањето на законот со кој ќе се овозможи реализација на проектот за осигурување од ризикот од катастрофи Европа Ре. Кон крајот на 2012 година ќе биде донесен и нов закон за осигурување со кој во целост ќе се имплементираат европските стандарди за солвентност на осигурителните друштва.

- Донесувањето на тој закон ќе придонесе за зголемување на довербата во финансиската стабилност во осигурителниот сектор, намалување од ризикот на несолвеност на друштвата и рано предупредување до супервизорите на пазарот на осигурување со цел навремена интервенција и спречување на подоцнежни последици, рече Ставрески.

Во рамки на прославата беше доделена награда за млад истражувачки труд од областа на осигурувањето и управувањето со ризик. Осврт кон воведувањето на оваа нова традиција даде проф. д-р Силвана Мојсовска, член на Советот на експерти на Агенцијата, при што истакна дека Агенцијата се приклучува кон трендот започнат од другите регулаторни тела, со цел да се стимулира научната мисла во областа на осигурувањето.

rodenden 1

На Конкурсот беа пријавени 9 трудови наградата за млад истражувачки труд од областа на осигурувањето и управувањето со ризик која годинава му беше врачена на Милан Елисковски, за трудот насловен Економски детерминанти на потрошувачката на осигурувањето на живот во Република Македонија.

Исто така, на овој настан Агенцијата ја промовираше и брошурата за пазарот на осигурување чија цел е зголемување на јавната свест за улогата на осигурувањето во приватниот и општествениот живот. Брошурата содржи појаснување и дефинирање на одредени термини од областа на осигурувањето.

На истиот ден, во просториите на Европскиот Универзитет Скопје, започна и обуката за актуари во организација на Агенцијата со што во иднина ќе се овозможи добивање на потребен специјализиран кадар за потребите на осигурителната индустрија.

 

 

 

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување