Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Активностите во рамки на Регионалниот проект за осигурување на ризик од катастрофи (Europa Reinsurance Facility Ltd.), за кој Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е назначена како имплементатор, продолжуваат и понатаму. Во рамки на Проектот, се предлага воведување на нов концепт на земјоделско осигурување.   За таа цел, на 18.11.2013 година, се одржа презентација од страна на тимот на Europa Re и г.Чарлс Стутли, консултант за земјоделско осигурување пред претставници на друштвата за осигурување кои вршат продажба на полиси за земјоделско осигурување и пред вработените на АСО. M1

 Во презентацијата беа објаснети карактеристиките на три типови осигурување во земјоделството, и тоа на 1. земјоделско осигурување од еден ризик (Named Peril Crop Insurance), 2. земјоделско осигурување од повеќе ризици (Multi Peril Crop Insurance) и 3. индексирано осигурување на остварените приноси во одредена област (Area Yield Index Insurance-AYII).  Особено внимание беше посветено на третиот тип на осигурување (AYII) со кој ќе се овозможи подобра заштита на приносите на земјоделското производство со обезбедено покритие од сите ризици.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување