На 19 декември, 2013 година, во седиштето на Народната банка на Република Македонија, се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Целта на потпишување на овој Меморандум е институциите надлежни за регулирање на финансиските услуги во Македонија, со заедничка заложба и проектни активности, да го подигнат нивото на финансиска писменост на населението. Потписниците на Меморандумот се согласија да се формира Координативно тело со претставници од институциите, чија мисија ќе биде да:
Изработката на стратегиските документи ќе се темели врз основа на меѓународно прифатените принципи и стандарди за финансиска едукација на Групацијата 20 најразвиени земји и други мултилатерални институции и организации. Со реализација на овие активности значително ќе се придонесе за финансиско описменување на населението со што ќе им се помогне на потрошувачите да може да направат правилен избор на финансиски производи,и воедно ќе се придонесе за постабилен и сигурен финансиски систем во државата. |
Анкета
Последни извештаи
- + 100 |