Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно Планот за работа на Агенцијата за 2014 година, Агенцијата донесе Одлука за спроведување на обука и испит за проверка на стручната подготвеност за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи во 2014 година.

 

Обуката и испитот за проверка на стручната подготвеност за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи во 2014 година ќе се спроведе во следните две едукативно - испитни сесии:

  1. Март 2014 година; и
  2. Септември 2014 година.

 

Обуката за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи во рамки на мартовската едукативно-испитна сесија ќе се спроведе во просториите на Европски Универзитет на крајот на месец март 2014 година. Наставната Програма за полагање на испитот за проверка на стручната подготвеност потребна за вршење осигурително брокерски работи и работи на застапување во осигурување, термините како идеталниот распоред на предавањата, ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката.

 

Врз основа на горенаведеното а со цел навремено информирање, Ве известуваме дека пријавувањето на кандидати за учество на обуката и полагање на испитот во рамки на мартовската сесија ќе се врши најдоцна до 22.03.2014 година, со поднесување на Пријава за учество на обуката до Агенцијата за супервизија на осигурување.

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА И ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ПРОВЕРКА НА СТРУЧНАТА  ПОДГОТВЕНОСТ  ПОТРЕБНА ЗА ВРШЕЊЕ РАБОТИ НА ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕ

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА И ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ПРОВЕРКА НА СТРУЧНАТА  ПОДГОТВЕНОСТ  ПОТРЕБНА ЗА ВРШЕЊЕ ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКИ РАБОТИ

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување