Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Наградени трудови

 

Согласно определбите на Законот за супервизија на осигурување, со цел поттикнување на развојот на осигурувањето во Република Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурување почнувајќи од 2011 година на редовна основа распишува конкурс за доделување на годишна награда за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, со цел да придонесе кон зголемување на бројот и квалитетот на применетите научни трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.

Изборот на најдобар труд го врши Комисија составена од 5 (пет) члена, од кои најмалку еден e претставник од Агенцијата за супервизија на осигурување, а најмалку 3 (три) надворешни членови.

Критериумите за учество на Конкурсот, работата на комисијата и целата постапка се предвидени со Упатството за спроведување на Конкурс за годишна награда за млад истражувач за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.

Досегашни добитници на годишната награда заедно со линк до трудовите се дадени во продолжение:

Име и презиме

Наслов на трудот

2011

Милан Елисковски

Економски детерминанти на потрошувачката на животно осигурување во Република Македонија

2012

Јордан Ќосевски

Влијанието на осигурувањето врз економскиот раст: случајот на Република Македонија

2013

Тања Дрвошанова-Елисковска

Микроекономски и макроекономски детерминанти на профитабилноста на осигурителниот сектор – случајот на Македонија

2014

Благица Петрески

Емпириска анализа на ризиците и отпорноста на шокови на македонскиот осигурителен сектор

2015

Ристо Бајатов

Анализа на смртноста на корисници на ануитет од повеќе земји и корекција на македонски популациски таблици на смртност

2016

Ивица Медарски

Управување со правни ризици во друштвата за осигурување

2017 Ангела Блажеска Анализа на влијанието на оперативниот ризик врз деловниот успех на компаниите за неживотно осигурување во Република Македонија
2018

Тања Камењарска

Анализа на глобалниот пазар на микроосигурување и можностите за негова имплементација во Република Македонија”.
2019 Бојан Србиноски Побарувачката за осигурување на живот и ограничувањата при позајмувањето

 

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување