Информација за реализирани настани во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување |
Во периодот од 2 до 5 јуни 2014 година Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се јави како организатор и домаќин на повеќе настани од регионално и меѓународно значење за супервизијата на осигурувањето. На настаните присуствуваа вкупно 81 претставници и учесници од регулаторни тела и претставници од медиумите од Македонија. Во рамките на горенаведениот период се одржаа следниве настани:
Целта на Иницијативата за супервизија на осигурување на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (CESEE) е размена на искуства во делот на спроведување на супервизија на друштвата за осигурување како и хармонизирање на законската и подзаконската регулатива во областа на осигурувањето. Состаноците на иницијативата се одржуваат на највисоко ниво, 2 пати во текот на годината, и оваа година првиот состанок се одржа во организација на АСО. На состанокот беа присутни вкупно 52 учесници- претставници од регулаторните тела од земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, како и еминентни професори од областа на осигурувањето и управувањето со ризици. Дискутираните теми на состанокот ги опфаќаа следниве области:
Супервизорскиот форум претставува тело во кое членуваат високи претставници на супервизорски тела на 20 земји од светот чија што цел е воспоставување на глобални стандарди за ефикасно спроведување на супервизија. Ваквите состаноци се одржуваат неколку пати годишно, а на состанокот кој се одржа во Охрид беа присутни 9 претставници од земјите членки на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS).
За прв пат во земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, по иницијатива на АСО, се организираше Актуарска конференција со еминентни предавачи во состав на академски професори, претставници од Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS) и Регулаторот за осигурување на ЕУ (EIOPA). Актуарите имаат важна улога во спроведувањето на супервизијата во однос на прашањето за финансиската стабилност и солвентност на друштвата за осигурување, па затоа треба да им се оддаде посебно внимание во областа на осигурувањето. Конференцијата имаше за цел да ги собере актуарите и супервизорите од регулаторните тела во регионот со цел да се обезбеди размена на искуства и понатамошно промовирање на актуарската професија. Заинтересираноста за актуарската конференција беше значителна и на неа присуствуваа 51 учесник од различни професии од областа на осигурувањето, меѓу кои најголемиот дел беа актуари. На Актуарската конференција беа обработени следниве теми:
• Актуарите и корпоративното управување
• Развој на актуарската професија во земјите во развој
Работилницата имаше за цел да ги запознае претставниците на медиумите со најзначајните теми и предизвици во областа на осигурувањето во земјата и беше посетена од 13 претставници од медиумите од Р. Македонија. На оваа работилница беа обработени следниве теми:
Овие исклучителни настани беа организирани во соработка со Централната банка на Унгарија (Central Bank of Hungary- MNB), Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS) и Регулаторот за осигурување на ЕУ (EIOPA). Преку организирањето на вакви настани се поттикнува соработката меѓу регулаторните органи и се придонесува за понатамошен развој и унапредување на функцијата на супервизорските тела.
|
Анкета
Последни извештаи
- + 100 |