Заради обезбедување на ефикасна супервизија и регулатива на осигурителниот пазар и на финансискиот сектор во Република Северна Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурување соработува со Министерството за финансии, Народната банка на Република Северна Македонија, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија и со други органи и институции во земјата и во странство. Обемот, содржината и формата на соработка подетално меѓусебно ги уредува Агенцијата со надлежните органи и институции. Договорните страни, секоја во рамки на своите овластувања и надлежности се согласни да соработуваат и да укажуваат взаемна помош и поддршка.
Корисни линкови
|