Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник) и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).
Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 24-26.3.2016 година а обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 24-26.3.2016 година и 2.4.2016 година. Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуките ќе биде објавен на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуките.
По завршување на обуката, Агенцијата ќе спроведе стручен испит за застапник односно стручен испит за брокер. Датумите за полагање на стручниот испит за застапник односно стручниот испит за брокер се:
Прв дел (теоретски дел) на 19.4.2016 година Втор дел (практичен пример) на 04.5.2016 година
Кандидатите кои нема да го положат стручниот испит за застапник односно стручниот испит за брокер со првото полагање имаат право на две повторни полагања на испитот во рок од 6 месеци од денот на завршување на обуката и тоа во следните термини: Второ полагање Прв дел (теоретски дел) на 10.5.2016 година Втор дел (практичен пример) на 25.5.2016 година.
Трето полагање Прв дел (теоретски дел)на 01.6.2016 година. Втор дел (практичен пример) на 15.6.2016 година.
Кандидатите кои успешно ќе го положат стручниот испит за застапник односно брокер ќе се здобијат со Уверение за положен стручен испит за застапник во односно Уверение за положен стручен испит за брокер.
Кандидатите кои три пати едноподруго не го положат стручниот испит за застапник односно стручниот испит за брокер, го губат правото за повторно полагање предвиден со обуката.
Со обуката за застапник се опфатени 6 (шест) подрачја – модули и тоа: 1. Основи на управување со ризик и осигурување; 2. Законска регулатива од областа на осигурување; 3. Трговско и облигационо право; 4. Застапување во осигурување и етички кодекс; 5. Осигурување на живот;и 6. Неживотно осигурување.
Со обуката за брокер се опфатени 9 (девет) подрачја – модули и тоа: 1. Основи на управување со ризик и осигурување; 2. Законска регулатива од областа на осигурување; 3. Трговско и облигационо право; 4. Посредување во осигурување и етички кодекс; 5. Осигурување на живот; 6. Неживотно осигурување; 7. Финансиски аспекти на работењето; 8. Снимање на ризик и посредување при реализирање на штети; и 9. Реосигурување.
Деталната содржина на секој од модулите од обуката за застапник односно обуката за брокер е разработена во Наставната програма за полагање стручен испит за застапник во осигурување односно Наставната програма за полагање стручен испит за брокер која ја утврдува Агенцијата и во која се содржани градивото, прописите и литературата. Наставната Програма е објавена на веб страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Начинот и постапката за спроведување на обуката и стручниот испит за застапник односно стручниот испит за брокер е детално пропишана со Правилникот за начин и постапка за спроведување на обука за вршење работи на застапување во осигурување (“Службен весник на Република Македонија” бр. 24/2015), Правилникот за начин и постапка за спроведување на обука за вршење осигурително брокерски работи (“Службен весник на Република Македонија” бр. 24/2015), Правилникот за начин и постапка за спроведување на стручен испит а вршење работи на застапување во осигурување (“Службен весник на Република Македонија” бр. 118/2014) и Правилникот за начин и постапка за спроведување на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (“Службен весник на Република Македонија” бр. 118/2014).
Надоместокот за учество на обука и за полагање на стручниот испит за застапник односно брокер е утврден во Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата (“Службен весник на РМ” бр.147/2009, 149/2009, 154/2009, 20/2012, 130/2013, 1/2015 и 22/2016) и истиот изнесува 7.000 денари за застапник односно 14.000 денари за брокер. За учество на обуката и полагање на стручниот испит за застапник лицето треба да ги исполнува следните услови:
За учество на обуката и полагање на стручниот испит за брокер лицето треба да ги исполнува следните услови:
Сите заинтересирани кандидати, најдоцна до 9.3.2016 година, може да се пријават за учество на обуката и полагање на стручниот испит за застапник односно брокер со поднесување на следните документи (со назнака: Пријава за обука/Барање за полагање на испит) до Агенцијата за супервизија на осигурување (адреса: ул. Васил Главинов бр. 12, ТЦЦ Плаза, кат 2, Скопје):
Доказот за уплатен надоместок треба да ги содржи следните податоци:
Подетални информации за начинот и постапката на спроведување на обуката и стручниот испит, наставната програма, точните термини и местото на одржување на обуките и стручните испити, може да се најдат на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување (www.aso.mk) или на телефонскиот број: 02 3254-050.
НАПОМЕНА: Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит кои ќе бидат доставени по истек на рокот за доставување на истите, нема да бидат земени предвид.
АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ |
Анкета
Последни извештаи
- + 100 |