Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Спроведена обука за вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување

Во насока на континуирана едукација и стручно усовршување на вработените, претходно воспоставената соработка на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и Централната банка на Холандија (De Nederlandsche Bank- DNB) продолжи и  во 2016 година.

 

 На 1 и 2 март 2016 година, во седиштето на АСО, од страна на експерти од DNB беше реализирана обука со цел да се пренесат знаења и искуства во делот на спроведување супервизија на реосигурителните активности на друштвата за осигурување. На обуката, од страна на експертите од DNB, беа презентирани видовите на реосигурителни продукти, улогата на регулативата и супервизијата, како и начинот на спроведување супервизија на реосигурителните активности.

holland2

 

Исто така, на еден дел од обуката беа присутни претставници на Македонското Актуарско Здружение „Актуар“. Пред актуарите од осигурителната индустрија беше презентирана улогата и одговорноста на актуарите во подготовката на програмата за реосигурување на друштвата за осигурување, одредување на нивото на самопридржај и сл.


Преку соработката со Централната банка на Холандија, супервизорите од АСО се стекнаа со знаење и искуства кои понатаму ќе им помогнат за унапредување и усовршување на начинот на вршење супервизија врз субјектите на осигурување во Република Македонија.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување