Агенцијата за супервизија на осигурување сочувствува со настраданите граѓани за време на невремето што го зафати Скопје и околината. Како регулаторно тело надлежно за осигурителниот пазар во РМ, Агенцијата во овој период презема низа активности во соработка со друштвата за осигурување со цел да се излезе во пресрет на настраданите.
Исто така, вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување во насока на помош заради елементарната непогода спроведоа, хуманитарна акција- беа донирани различни производи во еден од пунктовите на Министерството за труд и социјална политика лоциран во ОУ Кирил и Методиј во населбата Стајковци. Оттука, производите ќе им бидат доделени на лица на кои им се потребни. |
Анкета
Последни извештаи
- + 100 |