Целта на работилницата беше учесниците да се запознаат со начинот на спроведување ризично базирана супервизија, што е задолжително барање согласно Директивата Солвентност 2, која од 01.01.2016 година почна да се применува од страна на земјите членки на Европската Унија. На работилницата учествуваа 65 претставници од супервизорски регулаторни тела од 22 европски земји (Австрија, Португалија, Ирска, Естонија, Германија, Полска, Турција, Данска, Литванија, Малта и др.). Презентери и панелисти беа истакнати експерти од Светска банка, ЕIOPA и различни супервизорски регулатори од Европа.
Исто така, на работилницата беа презентирани искуствата на регулатори од Европската унија и регулатори од земји кои не се членки на ЕУ во врска со спроведување на супервизија врз основа на ризици, како и идните предизвици за осигурителниот сектор во регионот. |
Анкета
Последни извештаи
- + 100 |