Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, на седницата одржана на 31.10.2016 година, го усвои Извештајот на Комисијата за избор на најдобар  истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Р. Македонија за 2016 година со што го прогласи трудот на Ивица Медарски – “Управување со правни ризици во друштвата за осигурување” за победник на Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2016 година.

Трудот на Ивица Медарски обработува актуелна  и недоволно анализирана проблематика поврзана со работата на друштвата за осигурување,  а се однесува на управувањето со правните ризици.

Авторот ги анализира националните прописи, прописите делегирани од страна на институциите на Европска Унија како и препораките на европското надзорно тело за пензиски фондови и друштвата за осигурување (EIOPA). Состојбата на пазарот на осигурување во Македонија, авторот ја утврдува преку добиените одговори на наменски изготвен прашалник на кој има добиено одговор од 8 друштва за неживотно осигурување од кои 7 припаѓаат на друштва за осигурување со седиште во Европска Унија.

Во трудот авторот доаѓа до заклучок дека друштвата кои учествуваа во истражувањето немаат воспоставено официјален систем за управување со ризици, при што ризиците со кои се соочуваат ги управуваат искуствено, и во согласност со задолженијата од прописите во дејноста. Авторот упатува на воведување интегриран систем на правни ризици со предлог за чекорите и редоследот кој треба да биде почитуван во поставувањето на овој систем.

Линк- трудот на авторот.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување