Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Агенцијата за супервизија на осигурување,Министерството за финансии и Народната банка на Република Македонија доделија награди за најуспешните ликовни и литературни творби пријавени на конкурсот по повод Денот на штедењето - 31 Октомври. Наградите ги доделија министерот за финансии, Кирил Миноски, гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, Климе Попоски.

Конкурсот беше наменет за деца и млади од основните и средните училишта во Република Македонија, на тема „И јас умеам да штедам“ и „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“.  На конкурсот пристигнаа 402 творби, а најдобрите 15 добија дипломи и парични награди. На 44 ученици и седум училишта им се доделија пофалници.

Конкурсот се распишува по третпат и е дел од активностите што ги преземаат Министерството за финансии, Народната банка и Агенцијата за супервизија на осигурување за подигање на финансиската свест и писменост на населението, и особено на младите.

Министерот Миноски истакна дека младите генерации учат за вистинските вредности во животот, дека во животот може да се успее само со труд, со посветена работа и штедливост.

„Во Министерството за финансии, благодарение на овие вредности, се грижиме за финансиските средства на сите граѓани на РМ. Тие средства ги распределуваме на соодветен начин за да можеме да инвестираме во образованието, здравствените установи, културата, спротот и сите сфери неопходни за функционриање на една држава“, рече Миноски.

Гувернерот Богов, пак, истакна дека интензивно се работи во оваа сфера за да се подигне знаењето не само на најмалите, туку и на целото население, бидејќи од знаењето што го имаат корисниците на финансиските услуги многу зависи какво ќе биде и работењето и на корисниците и на давателите на финансиски услуги.

Претседателот на Советот на експерти, Климе Попоски рече дека истражувањето на ОЕЦД поикажало дека од 2,2 милијарди млади во светот, само 10 проценти од нив имаат пристап до финансиската едукација, што покажува дека има потреба да се работи на оваа тема.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување