Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Агенцијата  за супервизија на осигурување (АСО) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБС) денес  потпишаа меморандум за партнерство и соработка и заедничко дејствување.

 

Предмет на  заедничка соработка ќе биде реализација на активности за унапредување на финансиската писменост во областа на осигурувањето, реализација на активности за подобрување  на  безбедноста на сообраќајот на патиштата, активности за намалување на бројот на загинати и настрадани лица  во сообраќајни незгоди, едуцирање и финасиско знаење на ѓраѓаните за нивните права и обврски од осигурување во сообраќајот итн.

 

IMG_3735Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата м-р Стојче Стаменковски изјави дека врз основа на денешниот меморандум за соработка  РСБСП  и АСО во наредниот период ќе реализираат бројни заеднички активности за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку намалување на бројот на нерегистрирани возила во сообраќајот, активности за подигање на јавната свест за предностите и придобивките од осигурување на возилото, финансиско знаење  на учесниците во сообраќајот за  полисата за автоодговорност, пријавување на штета во случај на настанување на штетен настан, права и обврски од зелена карта, права и обврски за пополнување на европски записник и многу други активности.

 

Претседателот на советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето д-р Климе Попоски изјави дека и во досегашниот период АСО  и РСБСП остварувале високо ниво на соработка а потпишувањето на денешниот меморандум за соработка ќе значи чекор напред кон унапредување на соработката помеѓу двете тела,  континуирана  размена на искуства, совети и информации во врска со позитивните пракси кои се употребуваат и кои што можат да се применат, а се со единствена цел едукација и заштита на животот и здравјето на граѓаните и заштита на нивните права.

 

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување