Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Во насока на понатамошно усогласување со законодавството на ЕУ во областа на осигурувањето и зголемувањето на пазарните операции, Министерството за финансии во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурување и Меѓународната ибероамериканска фондација во изминатиот 21 месец работеше на твининг проект за што имаше завршен настан на 17 ноември 2017 година. Проектот го спроведуваше Генерална дирекција за осигурување и пензиски фондови од Кралството Шпанија.slika1

Основната цел на проектот е транспонирање на Директивата за основање и водење на деловни активности за осигурување и реосигурување - Солвентност 2 во нова законска и подзаконска регулатива.

Веќе знаеме дека директивата Солвентност 2 донесе новости и промени истовремено за друштвата за осигурување, супервизијата и за корисниците на осигурувањето и претставува до сега најзначајната промена во европската осигурителна индустрија. Тие промени се толку опсежни што влијаат на промена на целиот бизнис модел на друштвата за осигурување, како и на моделот на спроведување на супервизија кој ќе биде заснована на ризици. Искрено се надевам дека резултатите од твининг проектот ќе ни бидат квалитетен водич во реформите кои ни престојат на пазарот на осигурување, истакна  Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, на завршниот настан. 

Во рамки на завршниот настан се одржа и округла маса на тема Имплементацијата на Солвентност 2 која ја модерираше г. Климе Попоски, а учествуваа претставници од ЕУ, и тоа

  • Хавиер Кастило, генерална дирекција за осигурување и пензиски фондови од Кралството Шпанија
  • Петар Пјер Матек, претседател на Управниот одбор на ХАНФА, Хрватска
  • Гордана Летица, член на Управниот одбор на ХАНФА, Хрватска
  • Нина Колчакова, генерален секретар на Здружението на бугарските друштва за осигурување, Бугарија, и
  • Боштјан Вовк, заменик директор и раководител на Одделот за супервизија на Агенцијата за супервизија на осигурување на Словенија.


slika2Во рамки на панелот учесниците ги изнесоа своите гледишта во врска со имплементацијата на Директивата Солвентност 2 во нивните земји. Главните заклучоци се движеа во насока дека овој процес е комплексен и бара голем ангажман и ресурси како за друштвата за осигурување, така и за органите за супервизија.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување