Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Регионална актуарска конференција – 22 февруари 2018 година

SC XPRIMM International во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурување организираат регионална актуарска конференција, која за прв пат ќе се одржи во Скопје на  22 февруари 2018 година.

SC XPRIMM International SRL во изминатиот период се промовираше како квалитетна институција која го следи развојот и трендовите на осигурувањето, со посебен акцент на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, и земјите од Заедницата на Независни Држави (ЗНД) со тоа што за сите земји објавува редовни известувања со настани од осигурителниот сектор, проследени со редовни тромесечни статистики и годишни профили на земји.Исто така, SC XPRIMM International SRL се појавува како организатор и партнер во организирање на тематски конференции од областа на осигурувањето кои се промовираат како редовни годишни настани и кои се повеќе добиваат на значење и посветеност.

Таргет групата на посетители на конференцијата покрај актуарите, се и поширок спектар на учесници од осигурителната заедница, претставници од пензиските друштва и креаторите на економските политики во земјата и странство од причина што работата на актуарите станува сé покомплексна и треба да има централно место во организационата поставеност друштвата за осигурување.

Повеќе детали за конференцијата и пријавување на следниов линк

http://www.internationalinsuranceforum.com/actuarial/

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување