За Глобалната недела на пари: Кампања за подигнување на свеста кај децата и младите за да се инспирираат да учат за прашања во врска со финансии, за живот и претприемништво. Иницијативата е на глобалната непрофитна организација Child & Youth Finance International (CYFI) во соработка со Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). CYFI работи за преструктуирање на финансиските системи со цел економски и социјално да ги оспособуваат децата и младите низ целиот свет. Глобалната недела на пари започна во 2012 година и тогаш опфати 7,8 милиони деца и млади луѓе преку 23.700 организации во 137 земји. Која е целта на Глобалната недела на пари? Денешните деца и млади треба да станат способни да ја разберат важноста на финасиите и да бидат опремени со вештините што треба да ги користат за да создадат нивни сопствени средства за живот. Младите луѓе да научат да управуваат со своите пари мудро. Исто така, децата и младите луѓе се зајакнуваат и им се помага да создадат позитивен бран што ќе се прошири од нив, на нивните семејства и на целата заедница.
|
Анкета
Последни извештаи
- + 100 |