Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите лица кои доставиле Пријава за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник односно осигурителен брокер мартовската едукативно испитна сесија а кои поради ограничениот капацитет за спроведување на испит не беа земени предвид односно не се ставени на Списокот на лица за учество на обука и стручен испит (објавен погоре), дека истите имаат  приоритет за учество на обука и полагање на стручен испит во следната едукативно испитна сесија која ќе ја организира Агенцијата во септември 2018 година.

 

Сите лица кои се заинтересирани нивните пријави да бидат земени во предвид во едукативно испитната сесија која ќе ја организира Агенцијата во септември 2018 година се должни електронски да ја контактираат Агенцијата и да ја потврдат својата заинтересираност на следната електронска адреса:

 

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите – за пријави за застапници

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите – за пријави за брокери

 

Лицата кои не се заинтересирани нивните пријави да бидат земени во предвид во едукативно испитната сесија која ќе ја организира Агенцијата во септември 2018 година имаат право на враќање на доставените документи (со достава на пополнето Барање за враќање на документи во слободна форма) како и уплатениот надомест за учество на обука и полагање на стручен испит (со пополнување на Барање за враќање на средства на Образец кој е достапен на веб страната на Агенцијата).

 

За било какви прашања поврзани со горенаведеното можете да ја контактирате Стручната служба за регулатива и лиценцирање на следниот телефонски број:  02 3254 054.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување