Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Денес, Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО), Министерството за финансии и Народната банка на Република Македонија (НБРМ), го објавија конкурсот за ученици од основното и средното образование, којшто веќе неколку години наназад е заедничка активност по повод одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Светскиот ден на осигурувањето – 1 ноември. Трите институции коишто заеднички учествуваат во Координациското тело на регулаторните институции во Македонија за финансиска едукација, со овој конкурс имаат за цел да ja поттикнат креативноста, имагинацијата, како и критичкото размислување на учениците при создавањето творби на темите штедење и осигурување. Овие институции на овој начин ќе придонесат за натамошно интересирање и едуцирање на младата популација за овие два клучни сегмента во финансиската сфера.

Крајниот рок за доставување на творбите е 15 октомври 2018 година.

Пристигнатите творби ќе ги разгледуваат и ќе ги оценуваат комисии формирани од претставници на трите институции коишто го распишаа конкурсот. Списокот на наградените ученици, датумот и локацијата на доделувањето на наградите ќе бидат објавени најдоцна до 31 октомври 2018 година, на интернет-страниците на трите институции.

НБРМ, Министерството за финансии и АСО се надеваат дека и оваа година, конкурсот ќе предизвика голем интерес меѓу учениците од основните и средните училишта во Република Македонија и дека дополнително ќе го стимулира стекнувањето и развивањето на навиките за штедење, а воедно ќе придонесе и за подобра упатеност во можностите коишто ги дава осигурувањето. Трите институции ќе продолжат со активностите преку кои ќе се обидуваат да придонесат за соодветно финансиско едуцирање на новите генерации, со што ќе се овозможи зголемување на финансиската писменост на населението во Република Македонија и во иднина.

КОНКУРС

 

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување