Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

На крајот на септември 2018 година, во Хаг, Холандија, се одржа првиот состанок со кој официјално започна петгодишниот проект за финансиска едукација (2018-2022 година) со поддршка на Министерството за финансии на Холандија и Меѓународната мрежа за финансиска едукација при ОЕЦД (ИНФЕ-ОЕЦД). На состанокот присуствуваа претставници од Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација на Република Македонија. Координациското тело, вклучувајќи ги петте институции: Агенцијата за супервизија на осигурување, Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, ќе биде носител на проектот и ќе ги спроведува идните активности, а воедно и ќе воспостави соработка со други релевантни институции и организации во Република Македонија заради успешна реализација на севкупниот проект.

Во овој проектот се вклучени земјите коишто имаат интерес да ја подигнат свеста за финансиска писменост на своето население или веќе преземаат чекори во оваа насока, а тоа се: Македонија, Романија, Молдавија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија и Грузија.

повеќе..

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување