Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Во сферата на финансиската едукација одбележувањето на Глобалната недела на пари е меѓу бројните активности кои Агенцијата за супервизија на осигурувње ги презема во рамки на своите надлежности за развој на осигурителниот пазар и развој на свеста на јавноста за осигурувањето и супервизијата на осигурување. Благодарение на долгогодишното одбележување на Глобалната недела на парите во нашата земја, истата како манифестација стана добро препознатлива меѓу младата популација.

global m

По повод Глобалната недела на пари, Агенцијата за супервизија на осигурување започна со реализација на планирните активности за 2019 година, во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија. Во текот на престојните денови ќе бидат посетувани училишта и универзитети, ќе се одржат сесии и работилници за зголемување на свеста за важноста на финансиската едукација помеѓу младите луѓе и другите учесници на манифестацијата глобална недела на парите, ќе се пренесат информативни лекции за тоа што значат осигурителните производи и услуги, управувањето со ризици и што тоа значи за младите луѓе.

Исто така, Агенцијата ќе ја посетатат и ученици од другите градови од нашата земја и истите ќе имаат можност да проследат едукативни презентации и да добијат едукативни материјали.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување