Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Агенцијата за супервизија на осигурување, Народната банка на Република Северна Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, сите членки на Координативното тело за финансиска едукација и финансиска инклузија потпишаа Меморандум за соработка во доменот на финансиската едукација и финансиската инклузија.

 

Соработката меѓу потписниците, согласно Меморандумот, има за цел да ја подигне свеста кај населението за потребата од финансиска едукација во современото динамично окружување, како и да се согледаат предностите од финансиската инклузија. Со Меморандумот се очекува дека ќе се остварат следниве цели:

 

-              Преку интегрирана визија, спроведување образовни проекти и заеднички заложби на потписниците, се очекува дека ќе се придонесе кон подигнување на нивото на финансиска писменост на населението и следствено подобрување на вештините и способноста за носење издржани финансиски одлуки во практиката;

-              Истовремено, соработката треба да овозможи подигнување на нивото на финансиска инклузија, преку зајакнување на сите аспекти на достапност, корисност, ефикасност и подобра информираност за финансиските услуги во земјата, како и соодветна информираност за правата на потрошувачите во финансискиот сектор. Зајакнувањето на финансиската едукација и подобрувањето на финансиската инклузија треба да овозможат оптимизација на услугите коишто ги нуди финансискиот систем заради поддршка на економскиот раст и општествената благосостојба;

-              Исто така, преку овој меморандум се поттикнуваат, се планираат и се изведуваат активности за соработка на регионален и меѓународен план со други организации и институции во доменот на финансиската едукација и финансиската инклузија.

 

Согласно заложбите и постигнувањето на целта од Меморандумот, потписниците се согласни да учествуваат во следниве активности:

-              поттикнување на соработката со надлежните институции во земјата во доменот на финансиската едукација и финансиската инклузија;

-              покренување иницијативи до надлежните институции за активности коишто ќе ја поддржат финансиска едукација и финансиската инклузија на населението на Република Македонија;

-              изработување стратегиски документи од областа на финансиската едукација и финансиската инклузија;

-              дефинирање, предлагање и учество во заеднички проекти и активности, за подобрување на финансиската едукација и финансиската инклузија  во земјата;

-              дефинирање, предлагање и учество во проекти во содејство со приватниот сектор, согласно со делокругот на активности на одделните потписници;

-              применување на најдобрите практики и препораки на меѓународните организации и институции;

-              организирање и спроведување анкети, како и следење на расположливите податоци за нивото на финансиска писменост и финансиската вклученост во земјата;

-              организирање работни сесии, семинари и други видови обуки заради подигнување на финансиската писменост во земјата;

-              соработка во областа на следење на финансиските иновации и подготовка за евентуална нивна примена во земјата, како и соодветна финансиска едукација и следење на финансиската инклузија на населението во доменот на финансиските иновации;

-              промовирање на регионалната и интернационалната соработка во областа на финансиската едукација и финансиската вклученост  и

-              споделување информации од областа на финансиската едукација и финансиската инклузија за индивидуалните проекти на секој од потписниците со останатите потписници.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување