Одбележување на Денот на осигурувањето, 1 ноември, 2015 година |
Агенцијата за супервизија на осигурување, по повод одбележување на Денот на осигурувањето, 1-ви ноември, пред претставници од осигурителната индустрија и претставници од други државни институции и регулаторни тела, одржа свечена манифестација.
На манифестацијата свечено се обратија г. Зоран Ставрески, Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии, г. Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Македонија и г. Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.
По нивното обраќање следеше промоција на двете најнови информативно – едукативни материјали подготвени од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) кои се во насока на континуираните активности за финансиска едукација на населението.
Во рамки на манифестацијата беше доделена награда и плакета за најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2015 година под наслов ”Анализа на смртноста на корисници на ануитет од повеќе земји и корекција на македонски популациски таблици на смртност”. Трудот обработува актуелна и општествено полезна проблематика поврзана со работата на друштвата за осигурување на живот и пензиските друштва, а се однесува на смртноста на корисниците на ануитет (превземи тука).
Наградата на авторот г. Ристо Бајатов му ја додели претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски и следеше кратка презентација на трудот од страна на авторот. |
|
Приказ на предавачи и содржини на конференцијата |
г. Питер БРАУМУЛЕР - раководител на Сектор за супервизија на осигурување во FMA, Австрија, член на Извршниот комитет на IAIS, заменик-претседател на Одборот на EIOPA
Премин од Солвентност I на Солвентност II - предизвик за друштвата за осигурување и... |
Предизвици и трендови на глобалната осигурителна индустрија и нивното влијание на осигурителната индустрија во Македонија |
Агенцијата за супервизија на осигурување на 11 септември 2015 година, организираше еднодневна конференција насловена „Предизвици и трендови на глобалната осигурителна индустрија и нивното влијание на осигурителната индустрија во Македонија“.
Конференцијата имаше за... |
|
Одбележување на Денот на осигурувањето |
Агенцијата за супервизија на осигурување, на 1-ви ноември, 2014 година, во 11ч. во хотелот “Александар Палас”, одржа свечена манифестација по повод Денот на осигурувањето. На настанот свечено обраќање имаа г. Климе Попоски, претседател на Совет на експерти на Агенцијата за... |
Доделување на награди за најдобри ликовни и литературни творби по повод меѓународниот ден на штедење |
Денес, во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на штедењето, а по повод распишаниот Конкурс за деца и млади од страна на Народната банка на Република Македонија и на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во просториите на Агенцијата беа доделени 12... |
|
|
|
|
Страница 4 од 13 |