Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
ПРВА ОБУКА НА АКРЕДИТИРАНИ ЗАСТАПНИЦИ ЗА ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ЗЕМЈОТРЕС ПОДДРЖАНИ ОД ЕВРОПА РЕ

 

xMG_1970_cr   Реализацијата на новата пазарна инфраструктура на системот за осигурување од ризици од природни катастрофи и временски непогоди, создаден и поддржан од Европа Ре – специјализирано друштво за реосигурување од природни катастрофи со седиште во Цуг, Швајцарија, се наоѓа пред самиот почеток. Како дел од подготовките за отпочнување на програмата Европа Ре на македонскиот осигурителен пазар, тимот од Европа Ре ја одржа првата обука за акредитирање на застапниците во осигурување за продажба на нови и иновативни осигурителни производи за заштита од земјотрес На настанот, кој се одржа во хотел Солун, Скопје на 28 март 2014 година, присуствуваа застапници во осигурување, експертите и локалниот тим на Европа РЕ, како и претставници од Агенцијата за супервизија на осигурување, Центарот за управување со кризи и Швајцарската Канцеларија за Соработка кои имаа можност да ја отворат обуката со поздравни говори.

Главната цел на оваа обука беше претставување на новите станбени и комерцијални осигурителни производи за заштита од земјотрес како и презентација на специјално дизајнираните интернет платформи за нивно користење и управување. Експертите од Европа Ре детално ја претставија програмата во однос на следниве главни : 1) Презентација на програмата на Европа Ре, 2) Презентација на "Swiss Visual Pro" производите – Станбено и комерцијално осигурување од земјотрес, 3) Вовед во функционалноста на порталот за јавно информирање и подигнување на свеста за природни непогоди – CATMonitor, 4) Презентација на едноставниот кориснички интерфејс за прием во осигурувањето.

Обуката беше одлично прифатена од присутните, а значителен дел од времето беше искористен и за тестирање на интернет платформите од страна на застапниците. На крај на настанот беа доделени и сертификати од Европа Ре за акредитација на застапниците во осигурување за продажба на новите производи за осигурување од земјотрес.

 
Никола Карев, Скопје
 





 

                                                                                                                                         ...
 
8 Септември, Тетово
 



                                                                                                                                           ...
 
Арсени Јовков, Скопје
 







 

                                                                                                                                         ...
 
Васил Антевски - Дрен, Скопје
 





 

                                                                                                                                         ...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 6 од 13

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување