Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Повеќе

 

Во рамки на светскиот настан “Глобална недела на пари”, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) спроведе едукација во следните средни училишта:

“Арсени Јовков”, Скопје

“Никола Карев”, Скопје

“Васил Антевски - Дрен”, Скопје и

“8 Септември” , Тетово

Целта на оваа едукација е поблиско запознавање на населението, а особено младата популација со финансиите и економијата. Од страна на АСО беа извршени презентации преку кои беше претставена финансиската услуга осигурување и бенефитот од истата.

Преку објаснување на осигурителни поими и давање на практични примери на учениците им беа доближени основните поими на осигурувањето,правата и обврските на осигурениците како корисници на осигурителни производи и услуги.

И по затварањето на овој светски настан, АСО презема иницијатива и ќе започне со сопствен проект за финансиска едукација. Во иднина се предвидува изработка и печатење брошури, прирачници, и други поучни материјали кои ќе бидат наменети првенствено за младата попоулација но и за пошироката јавност и се очекува да имаат позитивно влијание придонесувајќи за општото добро и економијата во државата. Основната тематика што ќе се разработува во поучните материјали ќе опфати повеќе аспекти од сферата на осигурувањето.

Преку овие проекти ќе се зголеми транспарентната улога на Агенцијата за супервизија на осигурување, а и јавноста ќе се стекне со јасна слика за тоа што претставува Агенцијата за супервизија на осигурување и кои се нејзините основни цели и задачи како регулаторна инситуција во државата.

          

                                                                                                                                                   назад...

 
Глобална недела на пари
 

Глобална недела на пари, оваа година се одржува од 10 до 17 март, а учество ќе земат околу 2 милиони деца од над 100 земји во светот. Сите тие ќе се вклучат во активностите кои ќе бидат организирани од над 500 институции и организации. Нашата земја исто така, активно се вклучи...
 
Одбележување на Денот на осигурувањето
 

Агенцијата за супервизија на осигурување, на 1-ви ноември, 2013 година, во 10ч. во хотелот “Александар Палас”, одржа свечена манифестација по повод Денот на осигурувањето. На настанот свечено обраќање имаа г. Зоран Ставрески, Заменик Претседател на Владата и министер за...
 
Спроведена обука за вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување
 

Во насока на ефикасно спроведување на своите законски надлежности и активности, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) континуирано вложува во заjакнување на човечките ресурси преку воспоставување и имплементација на систем на континуирана едукација и...
 
Потпишан меморандум за соработка меѓу АСО и ФЗОМ
На 13 декември 2012 година, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и Фондот за здравствено осигурување на Р.Македонија (ФЗОМ) потпишаа Меморандум за соработка.

Со Меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу  АСО и ФЗОМ поврзана со размената и употребата...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 7 од 13

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување