Регионална конференција: Развој на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа: Од концепт до реалност |
Првата регионалната конференција на ЕВРОПА РЕ насловенa Развој на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа: Од концепт до реалност ќе се одржи во х.Гранит, Охрид, од 12 до 15 октомври 2011 година.
Агенцијата за супервизија на осигурување се јавува во улога на ко-организатор на оваа конференција, заедно со ЕВРОПА РЕ, Светската банка, UNISDR (Секретаријат во рамките на ООН за меѓународна стратегија за намалување на катастрофите) и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија.
Конференцијата ќе има за цел да промовира концептот на ЕВРОПА РЕ во развојот на пазарите на осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа.
На конференцијата ќе присуствуваат високи владини претставници, претставници на регулаторни тела, осигурителни компании, како и на компании за мапирање ризици со цел да ги претстават комплексните осигурителни производи кои треба да бидат развиени во регионот на Југоисточна Европа со поддршка на Светската Банка.
Агенда и образец за регистрација тука |
|
Организиран еднодневен семинар на тема техники и можности за инвестирање и управување со портфолио |
Агенцијата за супервизија на осигурување организираше еднодневен семинар на тема техники и можности за инвестирање и управување со портфолио.
Семинарот се одржа на 14ти септември, од 10 до 14 часот, во просторите на Стопанската комора на Македонија. Претседателот на... |
Склучен Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Комисијата за супервизија на осигурување од Романија |
На ден 21 февруари, 2011 година двете регулаторни тела, Агенцијата за супервизија на осигурување на Македонија и Комисијата за супервизија на осигурување на Романија, потпишаа Меморандум за соработка. Овој Меморандум претставува основа и отвара простор за понатамошна... |
|
Спроведена обука за вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување |
Со цел ефикасно спроведување на своите законски надлежности и активности, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) континуирано вложува во заjакнување на капацитетите на супервизијата преку воспоставување и имплементација на систем на континуирана... |
Склучен Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Народната Банка |
На ден 18 јануари, 2011 година Агенцијата за супервизија на осигурување ја продлабочи соработката со Народната Банка, со потпишување на Меморандум за соработка.
Овој Меморандум претставува добра основа и отвара простор за понатамошна успешна соработка меѓу двете... |
|
|
|
|
Страница 9 од 13 |