Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Одбележување на Денот на осигурувањето, 1 ноември, 2015 година
Четврток, 05 Ноември 2015 12:29

IMG_3300   Агенцијата за супервизија на осигурување, по повод  одбележување на Денот на осигурувањето,  1-ви ноември, пред претставници од осигурителната индустрија и претставници од други државни институции и регулаторни тела, одржа свечена манифестација.

   На манифестацијата свечено се обратија г. Зоран Ставрески, Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии, г. Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Македонија и г. Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.

   По нивното обраќање следеше промоција на двете најнови информативно – едукативни материјали подготвени од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО)  кои се во насока на континуираните активности за финансиска едукација на населението.IMG_3259

   Во рамки на манифестацијата беше доделена награда и плакета за најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2015 година под наслов ”Анализа на смртноста на корисници на ануитет од повеќе земји и корекција на македонски популациски таблици на смртност”.  Трудот обработува актуелна и општествено полезна проблематика поврзана со работата на друштвата за осигурување на живот и пензиските друштва,  а се однесува на смртноста на корисниците на ануитет (превземи тука).

   Наградата на авторот г. Ристо Бајатов му ја додели претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски и следеше кратка презентација на трудот од страна на авторот.

 
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Народната банка на Србија
Вторник, 27 Октомври 2015 00:00
 

На свечена церемонија во Народната банка на Србија, на 26 октомври, гувернерот на Народната банка на Србија, г-ѓа Јоргованка Табакович и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски потпишаа Меморандум за соработка...
Повеќе...
 
КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ
Среда, 14 Октомври 2015 13:40
АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ И НАРОДНАТА БАНКА НА МАКЕДОНИЈА ОБЈАВУВААТ КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ.

АЈДЕ ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕ СО СЛИКАЊЕ НА ЦРТЕЖ И...
Повеќе...
 
Предизвици и трендови на глобалната осигурителна индустрија и нивното влијание на осигурителната индустрија во Македонија
Вторник, 22 Септември 2015 10:10
Агенцијата за супервизија на осигурување на 11 септември 2015 година, организираше еднодневна конференција насловена „Предизвици и трендови на глобалната осигурителна индустрија и нивното влијание на осигурителната индустрија во Македонија“.

Конференцијата имаше за...
Повеќе...
 
Известување
Среда, 16 Септември 2015 08:24
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите кандидати дека Обуката за застапници во осигурување односно осигурителни брокери ќе се одржи во просториите на Европски Универзитет, на следната локација:

Бул. Климент Охридски 68 - СкопјеРаспоред на предавања...
Повеќе...
 
Конкурс за 2 позиции во рамките на програмата ИПА ТАИБ 2012, Компонента 1, Сектор 3, мерка 2 - MK12/IB/FI/01 “Понатамошно усогласување со ЕУ во областа на осигурување и зголемување на пазарните операции“
Четврток, 22 Октомври 2015 00:00
 Во рамки на претстојниот твининг проект со ЕУ - MK12/IB/FI/01 “Понатамошно усогласување со ЕУ во областа на осигурување и зголемување на пазарните операции“  помеѓу Република Македонија и Кралството Шпанија се распишува конкурс за 2 работни позиции за...
Повеќе...
 
Склучен Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Управата за јавни приходи
Среда, 14 Октомври 2015 13:40
Имајќи предвид дека еден од главните приоритети на Агенцијата за супервизија на осигурување е зајакнување на соработката со други регулаторни тела и други надлежни институции склучен е Меморандум за соработка со Управата за јавни приходи во Република Македонија.

Со...
Повеќе...
 
Остварувањата во осигурителниот сектор во првата половина на 2015 година и проекциите за тековната година
Среда, 16 Септември 2015 13:20
Агенцијата за супервизија на осигурување на 13.9.2015 година, со почеток во 12ч, во своите простории,  одржа прес конференција, на тема Остварувањата во осигурителниот сектор во првата половина на 2015 година и проекциите за тековната година.

Пред претставниците од медиумите...
Повеќе...
 
Предизвици и трендови на глобалната осигурителна индустрија и нивното влијание на осигурителната индустрија во Македонија – 11 септември 2015 година
Четврток, 27 Август 2015 15:19
Агенцијата за супервизија на осигурување организира еднодневна конференција насловена „Предизвици и трендови на глобалната осигурителна индустрија и нивното влијание на осигурителната индустрија во Македонија“.

 

На конференцијата се поканети истакнати гости...
Повеќе...
 
« ПочетокПред11121314151617181920СледноКрај »

Страница 12 од 23

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување