Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Известување за спроведување на обуки и испити
Петок, 26 Септември 2014 12:08

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно Планот за работа на Агенцијата за 2014 година, Агенцијата донесе Одлука за спроведување на обука и испит за проверка на стручната подготвеност  за вршење работи на застапување и осигурително брокерски работи.

Обуката за вршење работи на застапување во осигурување ќе се спроведе во периодот од 08-10.10.2014 година, а обуката за осигурителни брокерски работи ќе се спроведе во периодот од 08-10.10.2014 година и 18.10.2014 година во просториите на Европски универзитет. Наставната програма за полагање на испитот за проверка на стручната подготвеност потребна за вршење осигурително брокерски работи и работи на застапување во осигурување,  точните термини како и деталниот распоред на предавањата ќе биде објавен на интернет страницата на  Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката.

Врз основа на горенаведеното а со цел навремено информирање, Ве известуваме дека пријавувањето на кандидати за учество на обуката и полагање на испитот  ќе се врши најдоцна до 06.10.2014 година со поднесување на Пријава за учество на обуката до Агенцијата за супервизија на осигурување.

 
Остварувањата во осигурителниот сектор во првата половина на 2014 година и проекциите за тековната година
Вторник, 23 Септември 2014 14:14
Агенцијата за супервизија на осигурување на 21.9.2014 година, со почеток во 11ч, во своите простории,  одржа прес конференција, на тема Остварувањата во осигурителниот сектор во првата половина на 2014 година и проекциите за тековната година.

Пред претставниците од медиумите...
Повеќе...
 
Спроведување на стручен испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар
Петок, 05 Септември 2014 13:50
Агенцијата за супервизија на осигурување ги информира сите заинтересирани лица дека со почеток од 3 ноември 2014 година, во времетраење од 2 (две) години, ќе организира обука за актуари по чие посетување и успешно полагање на испитите, кандидатите ќе може да се здобијат со...
Повеќе...
 
Информација за реализирани настани во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување
Вторник, 17 Јуни 2014 13:15
Во периодот од 2 до 5 јуни 2014 година Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се јави како организатор и домаќин на повеќе настани од регионално и меѓународно значење за супервизијата на осигурувањето. На настаните присуствуваа вкупно 81 претставници и учесници од...
Повеќе...
 
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Вторник, 03 Јуни 2014 10:35
Почитувани,

Со особена чест и задоволство Ве известуваме дека во периодот од 3 до 5 јуни 2014 година Агенцијата за супервизија на осигурување(АСО) ќе се јави како организатор и домаќин на повеќе настани од регионално и меѓународно значење за супервизијата на осигурувањето...
Повеќе...
 
Прес конференција за промоција на новото осигурување во земјоделството подржано од Европа Ре
Среда, 17 Септември 2014 14:30
На 15 септември, 2014 година во Скопје се одржа прес конференција за промоција на новото осигурување во земјоделството, подржано од Европа Ре друштво за реосигурување одговорно за имплементирање на програмата за осигурување од ризици од катастрофи и временски неприлики -...
Повеќе...
 
Известување за полагање на поправен испит
Вторник, 02 Септември 2014 00:00
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите заинтересирани кандидати дека поправниот испит за застапници во осигурување односно осигурителни брокери ќе се одржи на ден 15.09.2014 година, во 15:00 часот, во просториите на Европски Универзитет.

Пријавите за...
Повеќе...
 
Известување за полагање на поправен испит
Понеделник, 16 Јуни 2014 12:58
Известување за полагање на поправен испит

Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите заинтересирани кандидати дека поправниот испит за застапници во осигурување односно осигурителни брокери ќе се одржи на ден 30.06.2014 година, во 15:00 часот, во просториите...
Повеќе...
 
Конкурс за годишна награда за млади истражувачи
Понеделник, 02 Јуни 2014 08:48
К   О   Н   К   У   Р   С

за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2014 година

 

Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови...
Повеќе...
 
« ПочетокПред11121314151617181920СледноКрај »

Страница 16 од 23

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување