Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Одбележување на Денот на осигурувањето, 1 ноември, 2018 година
Петок, 02 Ноември 2018 13:36

20181101_131442Агенцијата за супервизија на осигурување, по повод  одбележување на Денот на осигурувањето,  1-ви ноември, организираше конференција за земјоделско осигурување. Конференцијата беше  организирана заеднички со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со цел да се посвети внимание на земјоделството како значаен дел од  македонската економија, односно да се посвети внимание на намалување на ризиците во земјоделството преку користење на осигурувањето.

Посетители на конференцијата беа претставници од осигурителниот сектор, претставници од државни институции и регулаторни тела, како и претставници од земјоделскиот сектор.

На конференција свечено се обратија г. Кочо Анѓушев, Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, г. Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Република Македонија и г. Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување ( видео обраќања во рамки на соопштението на Владата на Република Македонија https://www.vlada.mk/node/15674) DSC_0512

Имајќи предвид дека постојат различни решенија низ целиот свет, на Конференцијата за земјоделско осигурување свои излагања имаа претставници од повеќе водечки институции како што се Друштво за управување со земјоделски осигурителен пул (TARSIM) од Турција, Друштво за осигурување од град (Österreichische Hagelversicherung VVaG – ÖHV) од Австрија, Друштвото за реосигурување Свис Ре од Швајцарија; Друштвото за реосигурување Полиш Ре од Полска, Иницијативата за достапно осигурување (Access to Insurance Initiative -A2ii) и Друштвото за реосигурување Европа Ре од Швајцарија кои ги презентира своите искуствата во оваа област.

Во рамки на манифестацијата беше доделена награда и плакета за најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2018 година под наслов ” Анализа на глобалниот пазар на микроосигурување и можностите за негова имплементација во Република Македонија”.  Целта на трудот е да ја зголеми свесноста, информираноста и знаењето на македонските осигурителни компании за концептот и моделите на микроосигурувањето. (преземи тука).

20181101_140526Наградата на авторот г-а Тања Камењарска ѝ ја додели претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски и следеше краток осврт на трудот од страна на авторот.

 

 

 

 

Линкови до презентациите на англиски јазик:

  1. Искуство на турскиот систем за земјоделско осигурување. г. Неџати Ичер, технички консултант, Друштво за управување со земјоделски осигурителен пул (TARSIM)
  2. Рамка за напредни шеми за земјоделско осигурување. г. Рајнхард Керн, член на Одборот на директори, Друштво за осигурување од град (Österreichische Hagelversicherung VVaG – ÖHV)
  3. Фокус на квалитетот на производите од гледна точка на реосигурувањето. г.  Пол Хамер, експерт за реосигурување во земјоделството, Свис Ре
  4. Клучни елементи за управување со портфолијата на земјоделски култури и сточарство; Програми за поддршка со реосигурување од Полиш Ре. г. Конрад Ројевски, менаџер за земјоделски осигурителни производи, Полиш Ре
  5. Регулативата на земјоделското осигурување  во функција на негов развој. г-ѓа Тереза Пеланда, Советник, Секретаријат на Иницијативата за достапно осигурување (A2ii)
  6. Индексно осигурување: предизвици и искуства. г-ѓа Надица Јовановска Бошковска, Раководител на претставништво во Македонија, Европа Ре
 
Наградени ученици на Конкурсот за ученици од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври и Светскиот ден на осигурувањето ‒ 1 ноември
Четврток, 01 Ноември 2018 08:41
Во врска со горенаведениот конкурс, подолу го објавуваме списокот на наградени ученици, по одделни категории. Добивме голем број на трудови и во оваа прилика им благодариме на сите што учествуваа, а на наградените им честитаме. Јавното доделување на наградите ќе се одржи...
Повеќе...
 
СООПШТЕНИЕ
Понеделник, 22 Октомври 2018 13:48
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите кандидати кои го имаат положено стручниот испит на застапници во осигурување-теоретски дел на ден 15.10.2018 година,  дека стручниот испит за застапници во осигурување – практичен дел ќе се одржи на ден 29.10.2018...
Повеќе...
 
СООПШТЕНИЕ
Петок, 12 Октомври 2018 14:30
Агенцијата за супервизија на осигурување Ве известува дека стручниот испит за осигурителен брокер – теоретски дел ќе се одржи на ден 17.10.2018 година од 13:00 до 17:30 часот.

Стручниот испит за осигурителен брокер ќе се спроведува во испитниот центар на Правниот Факултет во...
Повеќе...
 
Работна средба со претставници од Универзитетот за Економија и Бизнис во Познањ, Р.Полска
Вторник, 25 Септември 2018 08:33
На 17 септември 2018 година во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување предавање за вработените на Агенцијата одржаа Piotr Manikowski, Ph.D., професор на катедрата за осигурување, Jacek Lisowski, Ph.D., професор и раководител на катедрата за осигурување, на Универзитетот за...
Повеќе...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Четврток, 25 Октомври 2018 10:03
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите кои го немаат положено стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето и стручниот испит за вршење на осигурително брокерски работи со првото полагање, дека второто полагање од...
Повеќе...
 
СООПШТЕНИЕ
Понеделник, 22 Октомври 2018 13:44
Агенцијата за супервизија на осигурување Ве известува дека стручниот испит за осигурителен брокер – практичен дел ќе се одржи на ден 31.10.2018 година од 14:00 до 16:00 часот.

 Стручниот испит за осигурителен брокер ќе се спроведува во испитниот центар на Правниот Факултет во...
Повеќе...
 
СООПШТЕНИЕ
Петок, 12 Октомври 2018 14:28
Агенцијата за супервизија на осигурување Ве известува дека стручниот испит за застапување во осигурување– теоретски дел ќе се одржи на ден 15.10.2018 година од 09:00 до 16:30 часот.

Стручниот испит за застапување во осигурување ќе се спроведува во испитниот центар на Правниот...
Повеќе...
 
Објавен редовниот конкурс за учениците од основите и средните училишта по повод Светскиот ден на штедењето и Светскиот ден на осигурувањето
Среда, 19 Септември 2018 09:33
Денес, Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО), Министерството за финансии и Народната банка на Република Македонија (НБРМ), го објавија конкурсот за ученици од основното и средното образование, којшто веќе неколку години наназад е заедничка активност по повод...
Повеќе...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 5 од 23

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување