Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Склучен меморандум за соработка помеѓу регулаторните тела за супервизија на осигурување на Македонија и Турција
Вторник, 03 Јули 2018 00:00
IMG_4747

На свечена церемонија во седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување, на 2 јули, претседателот на Советот на експерти г. Климе Попоски ,и заменик претседателот на Регулаторното тело за супервизија на осигурување на Турција (Undersecretariat of treasury), г. Ахмет Генк, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.

Со Меморандумот се уредува соработката и размената на информации и податоци во областа на спроведување супервизија во осигурувањето. Со потпишување на Меморандумот двете страни изразија интерес и волја за поблиска соработка во иднина и размена на искуства од областа,IMG_4759

Имајќи предвид дека пазарите на осигурување во нашите земји се соочуваат со слични предизвици, соработката ќе придонесе преку размена на искуство, пракса и знаење  значително да се унапреди работењето на нашите институции и да се овозможи сеопфатна заштита на осигурениците и корисниците на осигурителни производи и услуги. Исто така, соработката со Турскиот регулатор ќе овозможи пренос на знаења за воспоставување и супервизија на тамошните решенија за справување со последиците од природните непогоди кои се засновани на принципите на јавно-приватно партнерство преку осигурителните пулови за земјоделско осигурување (TARSIM) и за осигурување од земјотрес (TCIP).

 
Публикација „Паметно управување со парите – водич за личните финансии“
Среда, 23 Мај 2018 00:00
   Овој водич е наменет за пошироката јавност, со цел на едноставен начин да ѝ ги доближи основните концепти и поими од областа на управувањето со личните финансии. При неговата подготовка се настојуваше тој да биде разбирлив и за помладите генерации и за лицата...
Повеќе...
 
КОНКУРС
Четврток, 10 Мај 2018 14:45
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2018 година...
Повеќе...
 
СООПШТЕНИЕ за промена на термините за полагање стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
Четврток, 05 Април 2018 14:07
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер, дека поради технички причини...
Повеќе...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОСТАНАТИТЕ ЛИЦА КОИ НЕМА ДА ЈА СЛЕДАТ ОБУКАТА И ДА ПОЛАГААТ СТРУЧЕН ИСПИТ ВО МАРТОВСКАТА ЕДУКАТИВНО ИСПИТНА СЕСИЈА
Среда, 14 Март 2018 14:29
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите лица кои доставиле Пријава за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник односно осигурителен брокер мартовската едукативно испитна сесија а кои поради ограничениот капацитет за спроведување на...
Повеќе...
 
Соопштение
Вторник, 15 Мај 2018 15:22
Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на седницата одржана на ден 14 мај, 2018 година донесе Решение за одземање на дозволата за вршење на осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското акционерско друштво ВИАСС Скопје. Субјектот е...
Повеќе...
 
СООПШТЕНИЕ за новите термини за полагање стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
Вторник, 10 Април 2018 15:06
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер, дека новите термини за...
Повеќе...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЛИЦА КОИ ЌЕ ЈА СЛЕДАТ ОБУКАТА И ДА ПОЛАГААТ СТРУЧЕН ИСПИТ ВО МАРТОВСКАТА ЕДУКАТИВНО ИСПИТНА СЕСИЈА
Среда, 14 Март 2018 14:33
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите лица кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер во мартовската...
Повеќе...
 
Глобална недела на пари, 12-18 март, 2018 година
Понеделник, 12 Март 2018 12:39
За Глобалната недела на пари:

Кампања за подигнување на свеста кај децата и младите за да се инспирираат да учат за прашања во врска со финансии, за живот и претприемништво. Иницијативата е на глобалната непрофитна организација Child & Youth Finance International (CYFI) во соработка со...
Повеќе...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 7 од 23

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување