Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Информација за одржана работилница 6-7 Октомври, 2016, Охрид
Понеделник, 10 Октомври 2016 13:41

pic 2Агенцијата за супервизија на осигурување, во соработка со Светска Банка и Европското Тело за Осигурување и Пензиски Фондови (EIOPA), на 6-ти и 7-ми октомври 2016 година организираа работилница на тема Ризично базирана супервизија (Risk Based Supervision Workshop) во Охрид. За првпат ваков вид на настан е организиран во соработка со регулаторен орган од земја која не е членка на Европска Унија.

Целта на работилницата беше учесниците да се запознаат со начинот на спроведување ризично базирана супервизија, што е задолжително барање согласно Директивата Солвентност 2, која од 01.01.2016 година почна да се применува од страна на земјите членки на Европската Унија.

На работилницата учествуваа 65 претставници од супервизорски регулаторни тела од 22 европски земји (Австрија, Португалија, Ирска, Естонија, Германија, Полска, Турција, Данска, Литванија, Малта и др.). Презентери и панелисти беа истакнати експерти од Светска банка, ЕIOPA и различни супервизорски регулатори од Европа.

pic 4-1На работилницата беа организирани панел дискусии на различни теми од областа на супервизијата на осигурување, како на пример: процесот на супервизија согласно директивата Солвентност 2, корпоративно управување, супервизорски колеџи.

Исто така, на работилницата беа презентирани искуствата на регулатори од  Европската унија и регулатори од земји кои не се членки на ЕУ во врска со спроведување на супервизија врз основа на ризици, како и идните предизвици за осигурителниот сектор во регионот.

 
КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ
Понеделник, 10 Октомври 2016 12:46
АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ, НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ

ОБЈАВУВААТ

КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ.

АЈДЕ ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО ‒ 31 ОКТОМВРИ

СО СЛИКАЊЕ ЦРТЕЖ И...
Повеќе...
 
Обука
Вторник, 20 Септември 2016 12:15
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер, во септемвриската испитна сесија...
Повеќе...
 
Агенцијата за супервизија на осигурување и вработените во Агенцијата со акција за помош на настраданите од елементарната непогода
Четврток, 18 Август 2016 10:03
Агенцијата за супервизија на осигурување сочувствува со настраданите граѓани за време на невремето што го зафати Скопје и околината. Како регулаторно тело надлежно за осигурителниот пазар во РМ, Агенцијата во овој период презема низа активности во соработка со...
Повеќе...
 
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Организацијата на потрошувачите на Македонија
Петок, 12 Август 2016 14:16
 

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски и претседателот на Организацијата на потрошувачи, г-ѓа Маријана Лончар Велкова се сретнаа денес во седиштето на Агенцијата. Благодарение на досегашната успешна...
Повеќе...
 
Известување
Понеделник, 03 Октомври 2016 13:08
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер, во септемвриската испитна сесија...
Повеќе...
 
Соопштение за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи
Петок, 26 Август 2016 13:39
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник) и обука и стручен испит за вршење...
Повеќе...
 
XPRIMM со информации за поплавите
Вторник, 16 Август 2016 00:00
XPRIMM е интернет портал и странско списание специјализирано за осигурување и пензиско осигурување. XPRIMM постои повеќе од 15 години и поседува уникатна позиција на специјализираните пазари, содржи статистички податоци, новости и информации за осигурителните индустрии во...
Повеќе...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ЗАСТАПНИК И БРОКЕР – ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ (ТРЕТО ПОЛАГАЊЕ)
Четврток, 26 Мај 2016 14:23
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата,  дека стручниот испит за застапници односно брокер – теоретски дел ќе се одржи на ден 1.6.2016 година од 09:00 до 13:30 часот ( за застапник ) и  од 14:00 до 16:00 часот ( за брокер).

Испитот ќе се одржи во Испитниот центар...
Повеќе...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 10 од 23

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување