Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Одбележување на Глобалната недела на пари
Петок, 18 Март 2016 15:52

Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Република Македонија, во кое членуваат претставници на Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување, и оваа година, веќе трета по ред, ја одбележува Глобалната недела на парите во периодот од 14 до 20 март 2016 година.

Глобалната недела на парите се одржува на светско ниво од 2012 година, во чиишто рамки се одржуваат преку 3000 активности во кои се вклучени над 5,6 милиони деца и млади во повеќе од 124 земји и каде што работат 962 организации и институции. Оваа глобална иницијатива ја подигнува свеста кај младите преку учење за тоа како функционираат парите, вклучувајќи го штедењето, вработувањето и претприемаштвото. Секоја година младите луѓе разговараат, читаат и учат за економските и за финансиските системи преку најразлични активности што ги спроведуваат државните институции. Целта на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади е да ги поттикне младите да инвестираат во својата иднина, истакнувајќи ја важноста на раната финансиска едукација, со што ќе им помогне да станат свесни за своите финансиски права, ќе им ја олесни пристапноста до финансиските услуги и ќе ги развие нивните финансиски вештини. Темата за оваа година на Глобалната недела на парите е „Земи учество, штеди паметно!“, со намера младите луѓе да научат да штедат за својата иднина.

Агенцијата за супервизија на осигурување и останатите институции чиишто претставници го сочинуваат Координациското тело ќе одржат предавања за учениците од основните и средните училишта од Македонија, преку кои тие ќе се запознаат поблиску со парите, нивното значење, размената, историјата, изработката, потоа штедењето, инфлацијата, монетарната политика и сл.

 
Брошура за осигурување во земјоделството
Вторник, 15 Март 2016 09:13
Агенцијата за супервизија на осигурување издаде Брошура за осигурување во земјоделството која има за цел да го промовира купувањето полиси за земјоделско осигурување како ефикасен начин за заштита на земјоделските производи од ризици кои се поврзани со временските...
Повеќе...
 
Спроведена обука за вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување
Четврток, 03 Март 2016 13:57
Во насока на континуирана едукација и стручно усовршување на вработените, претходно воспоставената соработка на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и Централната банка на Холандија (De Nederlandsche Bank- DNB) продолжи и  во 2016 година.

 

 На 1 и 2 март 2016 година, во...
Повеќе...
 
Награди за децата со најдобри творби за осигурување и штедење
Петок, 04 Декември 2015 15:39
Скопје, 4 декември 2015 (МИА) - Министерството за финанси, Народната банка на Репулика Македонија и Агенцијата за супевизија на осигурувањето денеска ги доделија наградите на најуспешните ликовни и литературни творби испратени на конкурсот по повод Денот на штедењето - 31...
Повеќе...
 
Одбележување на Денот на осигурувањето, 1 ноември, 2015 година
Четврток, 05 Ноември 2015 12:29
   Агенцијата за супервизија на осигурување, по повод  одбележување на Денот на осигурувањето,  1-ви ноември, пред претставници од осигурителната индустрија и претставници од други државни институции и регулаторни тела, одржа свечена манифестација.

   На...
Повеќе...
 
Глобална недела на пари
Среда, 09 Март 2016 09:44
Глобалната недела на пари секоја година се одржува во втората половина на месец март. Оваа година Глобалната недела на пари ќе се одбележи во периодот од 14-20 март.

Што е глобална недела на пари? (Global Money Week-GMW)

Глобалната недела на пари (GMW) е манифестација за подигнување на...
Повеќе...
 
Соопштение за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи
Вторник, 23 Февруари 2016 16:04
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник) и обука и стручен испит за вршење...
Повеќе...
 
НАГРАДЕНИ ПО КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО - 31 ОКТОМВРИ
Петок, 13 Ноември 2015 13:30

Врз основа на спроведен избор на најдобар цртеж и песна ПРВА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА: ШТЕДЕЊЕ и ВТОРА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА: ОСИГУРУВАЊЕ

 

Ја објавуваме листата на наградени.
 
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Народната банка на Србија
Вторник, 27 Октомври 2015 00:00
 

На свечена церемонија во Народната банка на Србија, на 26 октомври, гувернерот на Народната банка на Србија, г-ѓа Јоргованка Табакович и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски потпишаа Меморандум за соработка...
Повеќе...
 
« ПочетокПред11121314151617181920СледноКрај »

Страница 11 од 23

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување