Последната промена е направена на:
13 декември 2019 во 15:45 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
СООПШТЕНИЕ до јавноста
Понеделник, 27 Мај 2019 08:59

Во текот на одбележувањето на Деновите на финансиската писменост во периодот 29 до 31 мај 2019 година, на платото пред седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување, на адреса ул. Македонија број 25 Палата Лазар Поп Трајков во периодот од 11 до 13 часот ќе постави инфо-пулт, на кој, сите заинтересирани граѓани (минувачи) ќе можат да се информираат за прашања во врска со работата на Агенцијата како регулаторна институција на пазарот на осигурување и нејзините надлежности, заштитата на правата на осигурениците, контролата и супервизијата врз друштвата за осигурување, посредниците во осигурувањето и другите учесници на осигурителниот пазар, како и останати прашања кои граѓаните ги интересираат а се во надлежност на Агенцијата за супервизија на осигурување.

 poster

Имено ја информираме јавноста дека субјектите на пазарот на осигурување (друштвата за осигурување, посредниците во осигурувањето) ќе се приклучат во одбележувањето на оваа манифестација и истите ќе бидат достапни на граѓаните кои имаат интерес и прашања од областа на осигурувањето и договорите за осигурување (полиси).

 
КОНКУРС
Понеделник, 27 Мај 2019 08:44
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2019...
Повеќе...
 
Попоски од Братислава на Меѓународната Конференција за синергијата помеѓу осигурувањето на живот и пензиското осигурување – во последната деценија нашата земја во сегментот на осигурување на живот бележи најголем кумулативен раст од 455% и просечен годише
Понеделник, 15 Април 2019 07:35
Во периодот од 11-12  април, во Братислава, Република Словачка, се одржa Конференција за синергијата помеѓу осигурувањето на живот и пензиското осигурување, во организација на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS), Меѓународната организација на...
Повеќе...
 
Донесено Упатство за вршење на проценка на ризикот од перење пари
Вторник, 09 Април 2019 11:34
Управата за финансиско разузнавање изготви Упатство за вршење на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам согласно член 10 став (7) од ЗСППФТ. Упатството има за цел да им помогне на субјектите во процесот на проценка на ризикот од ПП/ФТ - да ги...
Повеќе...
 
Започна проектот за финансиска едукација на населението
Понеделник, 08 Април 2019 13:47
Во периодот од 3-5 април, 2019 година се реализираше првата официјална мисија, во рамки на проектот за техничка помош за финансиска едукација на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Министерството за финансии на Холандија, којшто се одвива во седум земји...
Повеќе...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ (“Службен весник на Република Мaкедонија” бр. 198/2018)
Среда, 15 Мај 2019 10:43
I. ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ

Согласно членот 66 од Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување (“Службен весник на Република Мaкедонија” бр. 198/2018), друштвата за осигурување, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурително брокерските...
Повеќе...
 
Попоски од Виена на Меѓународен форум за имотно осигурување – 2018 година беше најуспешна година во однос на пораст на продажбата на имотното осигурување во последната деценија, како и споредено со останатите земји во регионот
Вторник, 09 Април 2019 14:07
Денес се одржа традиционалниот Меѓународен форум за имотно осигурување со учество на претставници од Европските регулаторни тела за осигурување, претставници од осигурителната индустрија, консултантски фирми и носители на политики за справување со финансиски загуби...
Повеќе...
 
Меѓународен форум за имотно осигурување
Понеделник, 08 Април 2019 14:59
На 9 Април во Виена, Австрија, ќе се одржи Меѓународен форум за имотно осигурување “Property Insurance Forum”.  Целта на настанот е да се согледа влијанието и отпорноста на општествата на климатските ризици и сајбер ризиците. Претседателот на Советот на експерти, г-ин Климе...
Повеќе...
 
Агенцијата за супервизија на осигурување традиционалнo ја одбележа Глобалната недела на парите
Понеделник, 08 Април 2019 13:46
Агенцијата за супервизија на осигурување  во рамки на својата мисија и визија во континуитет реализира активности од сферата на финансиската едукација и придонесува во градењето на финансиското знаење не само на младата популација туку и на повозрасното...
Повеќе...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 3 од 23

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување